Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг објави дека бил опериран поради кинење на лигаментите на коленото за време на тренинг во боречки вештини, пренесоа американските медиуми.

Милијардерот заврши во болница со ногата во гипс, а на социјалните мрежи сподели фотографија од болничкиот кревет. Тој објасни дека го скинал ACL во спаринг, тренирајќи за ММА борба. „Во спаринг ги скинав лигаментите на коленото, поради што бев опериран. Благодарен сум им на лекарите кои се грижат за мене“, напиша Закерберг.

Тој додаде дека има намера да учествува во борбата, но дека прво ќе мора да се опорави. Креаторот на Фејсбук следната година би требало да учествува во ММА борба, но таа идеја засега е одложена. „Сè уште се радувам на тоа по закрепнувањето. Ви благодарам на сите за љубовта и поддршката“, пишува во објавата покрај фотографијата од болничкиот кревет.