Од денеска па до недела во општина Ѓорче Петров за првпат ќе се одржи манифестацијата „Звуците на културата“. Многу познати музички имиња, играорни групи, млади таленти и баскер-артисти се дел од програмата.

Покрај активностите на главната бина, ќе има и детско катче, театар на сенки, работилници, хуманитарни акции, базар на ракотворби, локални производи и деликатеси, како и филмски проекции. В недела ќе биде прикажан и филмот „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски.

Локацијата е во реонскиот парк во Ѓорче Петров, а програмата секој ден почнува во 17:30 и ќе трае до доцните вечерни часови.

Настапуваат: „Летечки пекинезери“, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Кристина Арнаудова, Миле Кузмановски, „Токсиколози“, Бени и „Нон стоп“, „Куку леле“, Тони Зен, „Ласт експедишн“, Мугер Фугер, мјузиклот „Коштана“, „ПМГ Колектив“, Милко и многу други.