Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно ги отфрли обвинувањата на рускиот претседател Владимир Путин дека Украина била вмешана во терористички напад во предградијата на Москва. За време на своето редовно обраќање, Зеленски рече дека Путин сите освен себе ги смета за терористи.

„Денеска Путин повторно зборуваше сам со себе, а тоа беше емитувано на телевизија. Повторно ја обвинува Украина. Болно и цинично суштество. За него сите се терористи, освен самиот себе, иако веќе две децении го води теророт. Тој е најголемиот отвор за терор. Тој и неговите специјалци. А кога ќе замине, со него ќе исчезне и барањето за терор и насилство, бидејќи тоа е негово барање. Ничие друго“, изјави синоќа Зеленски

Тој им се заблагодари на сите што работат на отстранување на последиците од најновите руски напади. Нагласи дека е исклучително важно да се внимава на оние на кои им е потребна поддршка. Според него, дури и ако некој се срами да побара помош, другите треба да обрнат внимание, да го поддржат и да не го оставаат сам.

Тој исто така рече дека во текот на денот добил извештаи од армијата и разузнавачките агенции. Инаку, Зеленски вчера учествуваше на ифтар, специјална вечера одржана во текот на месецот Рамазан, пишува Украинска Правда.