Додека државата трошеше стотици илјади евра за да го угости Александар Македонски на скопскиот плоштад, во пазувите на планината Баба во црквата Св. Ѓорѓи се ронеа виталните честици на националниот идентитет олицетворени во ренесансниот израз на фреската на Ангелот од Курбивно. Комплексноста, вредноста и воопшто значењето на ѕидното сликарство во оваа црква се непобитен доказ на цивилизациските дострели на нашиот народ, признат и валоризиран од светската научна јавност.

 

 

 

По повеќе децени деновиве конечно од Курбивно пристигна убавата вест за почетокот на конзерваторските работи кои треба да го спасат ова наше богатство од понатамошна деградација.

 

Проектот за конзервација на кој одамна се работи пред две години конечно ги доби потребните 11.000.000 денари или 180.000 евра за да се консолидира архитектурата на оваа црква која како што ни рече Мери Стојанова, директор на Музејот Битола под чија надлежност е црквата, се наоѓа во незавидна ситуација.

 

 

 

И додека цела деценија наназад се издвојувале едвај по еден милион денари за проектни активности кои никогаш не успеале да се финализираат, државата во 2013 година кога се констаира алармантната состојба во која се ноаѓа вредниот споменик на културата, без никаков проблем исплатила 24.000.000 денари или 360.000 евра за да купи кич сувенири од Кина преку фирмата “Агенс”.

 

 

 

Стотина кутии полни со кич сувенири на кои се прикажани “антички” мотиви но и нероденото панорамско тркало, чија цел била да се промовира проектот Скопје 2014, денеска го зафаќаат музејскиот простор на Националниот музеј во Скопје. Овие скапо платени кинески сувенири се изложени и во продавницата на музејот кој сувенирите ги добил од владата без воопшто да ги побара.

 

 

 

“Музејот во моментов располага со околу 10.000 сувенири со различни мотиви, кои се добиени со Одлука на Влада преку Министерството за култура. Тое е само дел од целиот асортиман на предмети кои музејот ги нуди, меѓу кои се и музејски копии кои музејот авторски ги изработува. Овие предмети се доделени на НУ Музеј на Република Северна Македонија во 2013 година со Одлука на Влада на РМ. Досега од технички причини истите не беа дистрибуирани во останатите сувенирници на локалните и национални музејски установи” изјави за НОВА, директорот на НУ Музеј на РСМ, Јован Шурбановски.

 

Прочитајте повеќе на НОВА.