Овие избори се глас ЗА или ПРОТИВ нашата европска иднина, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Студеничани.

Ковачевски нагласи дека секоја блокада на европскиот пат е враќање назад на целата држава, назад во 2001 година или којзнае каде.

„СДСМ отсекогаш била партија која покажувала лидерство и одговорност. И само СДСМ може да го предводи обединувањето на граѓаните и на државата зад една заедничка идеја. Зад идејата за европска иднина. Само СДСМ ја има таа моќ да може да ги поврзе сите луѓе во државата, и само СДСМ го има клучот за подобра, безбедна и одговорна иднина“, истакна Ковачевски.

Претседателот Ковачевски нагласи дека на овие избори се одлучува помеѓу „надеж“ и „безнадежност“.

„Одлучуваме помеѓу „заглавување во минатото“ со ВМРО-ДПМНЕ и „неоткажување од иднината“ со СДСМ! ДПМНЕ како што видовме, нуди етнички тензии и изолација, а СДСМ нуди пат кон ЕУ. И ве уверувам, од тој пат, нема да се откажеме!“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Студеничани.