Укинувањето на визите за косовските граѓани сега е целосно во рацете на Европската унија, изјави министерката за европски интеграции на Косово Дурата Хоџа наведувајќи дека очекува одлуката за либерализација да се донесе на почетокот на декември годинава, објавуваат косовските медиуми.

Хоџа изјави дека одлуката би требало да се донесе на последната годинешна седница на Советот на министри која ќе се одржи за два месеци.

Таа потврди дека кај одредени земји членки како Франција, Холандија, Германија и Шпанија се уште има одредени резерви за визната либерализација на Косово, но истакна дека ќе продолжи со лобирање за да се добие нивната поддршка.