Кривично ќе се гони извршителката Весна Јакимовска која го нападна новинарот Фуркан Салиу, а потоа го нападнала и полицаецот кој вршел службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“, „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

На 21.03.2024 во Кичево, пријавената физички го нападнала Ф.С.(34) од Скопје и му оштетила дел од опремата, а откако била повикана на службен разговор во полициска станица физички нападнала полициски службеник и ја уништила сочинетата службена белешка, соопштија од полиција.