Со оглед на состојбава имавме време на претек за размислување , анализирање и следење на активностите по социјалните мрежи.При тоа постојано ми се наметнуваат неколку прашања кои според мене се многу дискутабилни и важни:

1.Зарем за 3 години некои заборавија дека минималната плата беше 9000 ден. а денес е 14 500 ден. ?

2.Зарем за 3 години колегите во образованието го заборавија екстернито тестирање, ѕидот на срамот на МОН со кој едни се квалидикуваа за наставници со најголемо отстранување во оценувањето и беа неораведно морално и материјално казнувани за тоа?

3.Зарем за 3 години некои заборавија дека 12 000 стечајци беа оставени без егзистенција а сега секој месец земаат парична помош од 8000 ден. до своето пензионирање?

4. Зарем за 3 години некои заборавија колкави плати земаа вработените во образованието, детската заштита и службите во центрита за социјална заштита, научниците во државните научни институти…?

5. Зарем за 3 години некои заборавија колкава беше социјалната помош тогаш а колкава е сега?

6. Зарем за 3години некои заборавија каква беше грижата за лицата со посебни потреби тогаш и сега?

7. Зарем за 3 години некои заборавија што значи да се живее во режим и заробена држава?

Имам уште многу прашања со слична содржина кои произлегуваат од постови на социјалните мрежи во кои се поистоветува времето на РЕЖИМОТ и денешното време на СЛОБОДА И ДЕМОКРАТИЈА.

Сепак најважно е да си повторуваме дека за време од 3 години Република Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО и спремно чекори кон отпочнување на преговорите со ЕУ.

ФБ статус на Жаклина Лазаревска, Пратеник од редовите на СДСМ