Медицинскиот тим од Градската општа болница “8ми Септември”, заедно со Одделот за воздухопловни единици синоќа на 17.04.2024 година, реализираа уште еден успешен транспорт на македонски државјанин од Сегед, Унгарија во Македонија за да му се овозможи навремена медицинска нега.

Пациентот е возач на камион, македонски државјанин, кој во Унгарија доживеал мозочен удар и бил во индуцирана кома во болница во Сегед, а неговто семејство од ЦУК побарало транспорт до Скопје.
По добиено барање од ЦУК, МВР и МЗ согласно стандардната оперативна процедура, македонскиот државјанин е превземен со полицискиот медицински хеликоптер „бел“ 412, во содејство со Министерството за здравство и со медицински тим од Градската општа болница „8 Септември“. Пациентот е донесен во Скопје, и згрижен е на КАРИЛ за понатамошна подолготрајна здравствена нега.