Носителот на ИЕ 5 на СДСМ и Коалицијата за европска Македонија најави дека идната влада ќе преземе конкретни мерки со кои ќе ги стимулираат младите да останат во државата и својата иднина да ја градат дома.
„Во директна комуникација сме со стопанството и видлива е таму потребата од човечки капитал кој ќе има стручност во согласност со потребите на пазарот на трудот. Затоа неопходна е реформа на образованието која ќе соодветствува на потребите на пазарот на трудот. Истовремено, предвидуваме и значаен пораст на платите, што е клучно за мотивирање на младите да останат во државата и својата иднина да ја градат тука“, рече Митрески.
Тој додаде дека ќе продолжи континуираниот раст на минималната и на просечната плата, како и зголемување на поддршката на домашните компании на 180 милиони евра.
„Планираме поддршка на бизнисите кои ќе вработуваат млади, но мора да се зголеми и продуктивноста на работниците“, додаде Митрески.