„Се слушнавме и со господинот Максим Димитриевски. Знаете дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во Куманово. Очекуваме поддршка за нашиот претседателски кандидат од Максим Димитриевски“, истакна Мицкоски.

Тој ги повика сите кандидати за претседател коои не влегоа во втор круг да ја поддржат нивната кандидатка, Гордана Силјановска Давкова.

„Ги повикувам сите гласачи на сите кандидати кои не влегоа во вториот круг да го поддржат идниот претседател професорката Гордана Силјановска Давкова затоа што на тој начин Македонија ќе биде повторно ваша, повторно горда, а не понижена ограбена како што е сега. Да одиме напред бидејќи сите одат напред, да не тонеме во политичкото мочуриште кое не влече назад 6 и половина години и да бидеме заробеници на неколкумина кои станаа милионери, а голтари влегоа во политиката“, дециден е Мицкоски.