Рафаел Надал, пред почетокот на Мастерс турнирот во Индијан Велс, уште еднаш повтори дека оваа сезона веројатно ќе биде последна во неговата кариера.

Надал, ја пропушти минатат сезона, се врати на почетокот на годината, кога се повреди на 5 јануари, кога во четвртфиналето на Бризбејн беше поразен од Џордан Томпсон.

„Не знам на кое ниво сум, имаше добри и лоши моменти. Најважно е што сум тука, само по себе тоа е добра вест. За мене најважно е да поминам неколку дена во Индијан Велс, да тренирам со други играчи“, изјави Надал и продолжи:

„Подготовката за Индијан Велс не беше добра, но пред Бризбејн беше одлична. Сакам да играм тренинг сетови помеѓу егзибицијата со Карлитос и мечот од првото коло во Индијан Велс за три дена“.

Триесет и седумгодишниот Надал има само една желба…

„За мене приоритет е да го напуштам Индијан Велс здрав. Потоа доаѓа сезоната на земјена подлога, која може или не не мора да биде моја последна. Се уште не сум 100 отсто сигурен, но се оди кон тоа дека ќе биде последна“, рече Надал.