Најмалку 14 лица загинаа во пожар во зграда во Чиле, соопштија локалните власти.

– Она што најмногу не боли е тоа што меѓу загинатите има неколку деца, изјави Борис Чаморо, градоначалник на пристанишниот град Коронел во Пацификот, за телевизијата Си-Ен-Ен Чиле.

Најмалку шест малолетници загинаа во разорниот пожар кој зафати две куќи во станбениот комплекс во Лос Пиркенес. Според извештаите, починатите живееле во пренатрупани услови.

Чилеанската информативна веб-страница Cooperativa јави дека се верува оти жртвите се од три венецуелски семејства, според првичните извештаи. Прелиминарните истражувања покажуваат дека причина за пожарот најверојатно е шпорет