Неодговорна опозиција во тешки времиња

174

Дури и во овој период, во кој човештвото се соочува со најголемата вирусна пандемија во современата историја, состојбата во политичката сфера е прилагодена кон домашните услови. Ако секаде низ светот политичките препукувања, лансирањето на лажните вести и неодговорното однесување се сведени на минимум, македонската опозиција како да егзистира во сосема паралелен универзум.

Ако и малку се понадевавме на конструктивност која би требало да се очекува од секоја сериозна политичка партија, веќе во следниот миг бевме демантирани и поставени пред дилемата.

„Дали е воопшто можно македонската опозиција да се однесува конструктивно и совесно “?

Сведоци сме на координирано пласирање на лажни вести и измислени конструкции, кои се координирани од еден центар, а со цел ослабување на капацитетите на државата во справувањето со оваа глобална закана. Ваквите лажни вести и конструкции имаат цел да се наведе населението на недоверба во системот и обиди за заобиколување на стандардните препораки што би резултирало со ненавремено спречување на ширењето на епидемијата.

Не е сосема јасно како може да се разбере понудата на опозицијата за конструктивна помош во услови на масовно пласирање на лажни вести и конструкции низ социјалните мрежи.

Во овие моменти, бројката на заразени, бројката на евентуално заразени и тестирани лица е сосема транспарентно објавена и нема причина за конспиративни теории кои ја зголемуваат паниката, а ја смалуваат довербата во институциите.

Министерот Филипче сосема успешно ги спроведува политиките во овие услови, а резултатите се повеќе од задоволителни, особено ако се има во предвид дека многу поуспешно се справуваме со тешката пандемија од повеќето ЕУ држави.

Во овие моменти не е доволна понудата на опозицијата за помош, но би било доволно да се однесуваат конструктивно, да не шират паника и да создавааат конструкции низ социјалните мрежи и медиуми.