Ентони Џошуа добива битка по битка и постигнува рекорди. Тој минатата година со победата против Карлос Такам во Кардиф со нокаут во десеттата рунда, успеа да да го надмине рекордот на легендарниот Мајк Тајсон, со 20 нокаути во 20 професионални борби со што го мина Тајсон кога се во прашање нокаутирањата на противниците. Челичниот Мајк во својата кариера дојде до бројката 19, а пак Ентони веќе е над тоа и сега цели кон достигнувањето на Френк Бруно (21).

Со победата против Џозеф Паркер, сепак не успеа да стигне до бројкат аод 21 нокаут и да се изедначи со легендарниот Бруно. Но, сепак пред Џошуа се години кариери, ако се знае дека ќе боксува најмалку уште наредните пет години.

Но, сепак тајната за неговите успеси беше откриена, а се состои во внесување храна со јаглехидрати протеини и масти со износ од колу 5 илјади калории. Ова го откри експертот за исхрана на спортистите, Марк Елисон, кој воедно е и личен нутриционист на Џошуа,  истакна дека хранливите продукти се најважни за опоравок на спортистите после тренинг, но и за издрлжливост, а комбинацијата на оброци секогаш мора да биде прецизно комбинирана.

– Ако се знае дека за обичниот човек внесот на калории изнесува околу 2200 до 2600 калории, тоа излегува скоро дупло внес на калории. Според килажата на Џошуа за неговите 113 килограми тој денот го почнува со пет јајца, две парчиња р’жен леб, два високомлечни јогурти и овошна салата, додека ручекот е резервиран за риба лосос или пак туна, компири и салата. Најинтересна е вечерата во која британскиот боксер јаде едно цело пиле, ориз или  варен зелечук, а за десерт авокадо. Ова се комбинации кои се одлично комбинирани, ако се знае дека времето за тренинг и опоравок се доста сензитивни и секогаш мора да се внимава, – изјави Елисон.