Неидентификуван маж денеска се обидел да се самоубие пред Белата куќа, соопшти американската Тајна служба.

Според американските медиуми на местото на инцидентот се наоѓа лекарска екипа.

Американскиот претседател се наоѓа во Флорида и треба да се врати во текот на денот.

Претходно, американските медиуми јавија дека најмалку еден куршум е истрелан во близина на северната ограда на Белата куќа.