Шеесет и четири мигранти биле откриени во камион на регионалниот пат Валандово – Струмица, соопшти МВР.

Вчера околу 19 часот на влез во Струмица полициски службеници забележале камион „ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кој имале информација дека превезува мигранти. Возачот го застанал возилото и избегал.

Во камионот имало 64 мигранти од Бангладеш. Тие се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.