Нема потреба Христијан Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник-министер во Одделот за внатрешна контрола, рече дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска во вчерашното гостување во отвореното студио на ТВ24.

Таа ова го кажа во врска со снимката на која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вежба во теретана во време на полициски час.

– За овој случај истрагата е сè уште во тек. Министерот Чулев се обиде да го одбрани и моментално се вештачат хард-дисковите од теретаната. Целта на тоа вештачење е да се провери веродостојноста на снимката и дали нешто е избришано од хард-дисковите. Затоа истрагата не е завршена. Нема потреба Мицкоски да врши притисок кај дополнителниот помошник министер во Одделот на внатрешна контрола. Мицкоски бараше овој случај побрзо да се реши – рече Петровска.