Милан има лоша сезона зад себе, по што почнаа шпекулациите дека тренерот Стефано Пиоли ќе добие отказ, а конечно за тоа пристигна потврда и од специјалистот за трансфери, Фабрицио Романо.

Романо речиси никогаш не греши во своите најави за следните потези на клубовите, па така е јасно дека плановите на Милан не се променети и Пиоли ќе добие отказ на крај на сезоната.

Со кормилото на „росонерите“ се поврзуваат повеќе тренери, но засега новинарот не објави кој е фаворит да седне на „жешкото столче“, па такво нешто се очекува во следните недели.