Планинари од спортското друштво „Повик од дивината“ наредниот викенд ќе го искачат врвот Кајмакчалан на планината Ниџе.

Како што потенцираа, тоа ќе го сторат во чест на Калина Велевска и Александар Миновски, кои во февруари трагично загинаа на овој врв во февруари.

Тие заедно со планинарското друштво „Трансферзалец“ го искачуваа Кајмакчалан во лоши временски услови, но после неколку часа двајцата се загубија во планината, а утрото беа пронајдени мртви.