Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.Р.(56) од Прилеп за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Имено во периодот од 2009 година до 2015 година, пријавениот  како в.д. директор во Домот за стари лица ЈОУ„Киро Крстески Платник“, во договор со одговорните лица во ДОО МИП „Марфил“ Прилеп, подигнал поголеми количини на сувомеснати производи и месо, за кои приемот го потврдувал со потпис и примал фактури кои гласеле на име на Домот за стари лица,а производите ги користел за свои потреби. На овој начин, го оштетил Домот за стари лица за износ од 294.766 денари.

Пред да биде разрешен како в.д директор, побарал од одговорно лице во магацинот да сочини документација со која ќе го потврди приемот на производите наведени во споменатите  фактури.