ДПМНЕ ДЕНЕС СИ ЈА УДРИ ПРОПАГАНДАТА ОД СОПСТВЕНАТА ГЛАВА:

Денес во официјално соопштение од Подрумот за лажни анкети и лажни вести чувме врвно безобразие дека на 1м2 собирало по еден Маричиќ.

Е арно ама, на фашизоидните стручњаци не им текнало дека 28.3% од возрасните граѓани во Македонија се справуваат со дебелина и дека тие денес безобразно се исмеваа со половина милион Македонци.

Исто така не им текнало дека имаат десетици свои функционери и илјадници свои членови кои се справуваат со дебелината.

Исто не им текнало дека нивното безобразие не им носи ништо освен што нѐ потсетува сите нас на агресијата и нечовечноста со која владееја 11 години. И одлично е што потсетија дека станале полоши и дека не промениле ништо кај себе на подобро.

ДПМНЕ ТРГНА НАДОЛУ:

Партијата на Мицкоски не може да се пофали со ниту еден политички пробив изминативе недели. Сѐ им оди наопаку.

Првиот посериозен фејл изминатите 30 дена им беше скандалот со фалсификат потписите за Силјановска после што мораа да ја кандидираат со поддршка од своите пратеници, наместо со потписи од граѓани како што тоа го направи Пендаровски со 22.000 граѓански потписи.

Следуваше бегство на Мицкоски од јавност, го снема од медиуми седум дена после Прочка.

Потоа дојде скандалот со документите за партиски наредби за нарачани лажни анкети и за креирање штабови за лажни вести.

Удолницата се потврди со најслабиот настап на Мицкоски на кој било негов лидерски дуел до сега.

Удолница.

 

Пишува: Марјан Забрчанец