Потрагата по малата Данка се уште трае. Осомничените за нејзиното убиството добија 30 дена притвор . Утринава се уапсени уште две лица кои се поврзани со ова злодело.

Ј. С. и Д. Д., се уапсени поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело тешко убиство во соучесништво.

Братот и таткото на еден од притворените се уапсени кои се под сомнение дека му помогнале да го сокрие телото при што се здобија со 48 часа притвор.

Двајцата осомничени биле сослушани во обвинителството во Заечар. Едниот од нив фо признал делото а другиот се бранел со молчење. На нив им беше одреден притвор од 30 дена за да се спречи опасноста од бегство.

Според српскиот министер за внатрешни работи, има сознанија дека телото е префрлено на друга локација. Од депонијата каде првично го оставиле телото потоа го пренеле на локација која засега не е позната.

Началникот на управата за криминалистичка полиција пак, ја увери јавноста дека нема да застаната со потрагата додека не го најдат телото на девојчето.

– Повторно ќе ги пребараме нивните куќи и околината, септички јами, гробишта. Осомничените ја признаа вината и детално ги опишаа своите улоги, но главниот осомничен не кажува каде го скрил телото, наведувајќи дека не се сеќава и нема да зборува.Признанијата на осомничените за тоа што се случи, а кои се сослушани одделно, целосно се поклопуваат. – изјави за ТВ Прва началникот на Управата за криминалистичка полиција Нинослав Цмолиќ .

Од осомничените за убиството во околината на Бор нема нови информации. Како штп изјави Цмолиќ, тие повторно ја раскажале истата приказна, дека ја удриле со автомобил. Го подигнале детето од подот , го ставиле во задниот дел на возилото. Но кога по неколку метри возење девојчето се разбудило, го задушиле. Потоа нејзиното мртво тело го оставиле во депонија. Но подоцна сопатникот се вратил и го пренел телото на друго место.

За телото на девојчето вчера се трагаше на местата од каде потекнуваат осомничените, како и на депонијата на стариот пат за Бањско. Пребарана е и фармата на дедото на еден од осомничените.

Жителите на Борчани, завиени во црно жалат по малото девојчето. Оддавајќи почит на детето, палат свеќи и оставаат цвеќе на градскиот плоштад кај домот на културата.