За денеска попладне е закажана вонредна владина седница на која единствена точка на дневниот ред е Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија. Седницата е закажана за 16 часот, а од Владата не соопштуваат повеќе детали до почетокот на седницата.