Иницијативата „Правда за Алмир“, утрово ќе одржи симболичен протест пред Собранието  во пресрет на обраќањето на високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Иницијативата во неколку наврати потсети дека ќе ја продолжи својата борба за овој, но и сите останати случаи за кои има индиции дека се неправедно пресудени. Тие испратија и писмо до амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, амбасадорите на земјите членки во НАТО, ОБСЕ, шефовите на делегациите на ЕУ и ОБСЕ во Македонија – во писмото  посочуваат  дека  македонското правосудство  е далеку од непристрасно и праведно.