Предмалку револтиран потрошувач јавно објави видео во кое реагира дека во маркетот Кипер во Бутел купил леб кој што е со мувла.

При неговиот обид да го смени лебот наишол на затворени врати при што ги повикува надлежните институции да реагираат.

“Ова е маркет Кипер, пола саат им тропам на врата не отвараат погледнете каков леб ни продаваат, ги повикувам надлежните институции да реагираат, цел ден постоиме и погледнете каков леб ни продаваат”. изјавува Исени на ФБ.

Според приложената фискална сметка станува збор за тонус леб без квасец.