Откако минатата недела остана без Камавинга и Винисиус, Реал Мадрид се соочува со нови проблеми со повреди на своите фудбалери.

Конкретно, станува збор за бразилскиот репрезентативец Родриго кој од Бразил се вратил повреден. Напаѓачот има воспаление на коленото и неговиот настап во дуелот против Кадиз е неизвесен во моментов.

Ако тој не може да игра, Реал останува со само двајца здрави напаѓачи – Брахим и Хоселу, но позитивно за тимот е тоа што в среда има безначаен дуел против Наполи имајќи предвид дека „кралевите“ се веќе сигурни учесници во осминафиналето од Лигата на шампионите.