Рома успеа да направи чудо против Барселона и да се пласира во полу-финалето во лигата на шампионите. Римјаните по поразот во првиот меч 1:4, во реваншот на својот „Олимпико“ го совладаа фаворитот со 3:0.

Најголемот успех во историјата на клубот, кога се во прашање европските купови, добро ја наполни и клупската каса. Имено, Рома од својата европска авантура досега само од ТВ права заработила 82 милиони евра.

Рома заработила најмногу од италијанските клубови, на пример Јувентус инкасирал 78 милиони евра, а Наполи само 38 милиони евра.

Уште неколку екипи во Европа заработија убави суми на пари од настапите во Лигата на шампионите, односно од ТВ правата: Реал Мадрид (71 милиони евра), Ливерпул (66), Челси (64), Манчестер сити (62), ПСЖ (61), Тотенхем (60), Барселона (57), Сеилја 48…