Кристијано Роналдо по одлежувањето на суспензијата се врати во тимот на Ал Наср и настапи во поразот од Ал Аин во азиската Лига на шампиони

Ал Наср загуби на гостувањето во Обединетите Арапски Емирати со 1:0 во првиот натпревар од четвртфиналето на азиската Лига на шампиони.

Навивачите на домашниот тим се обидуваа да го испровоцираат Роналдо и во текот на целиот меч му скандираа „Меси“, но Португалецот ја научи лекцијата, остана кул и не падна на провокациите.

Кристијано имаше пет удари кон противничкиот гол, но не се запиша меѓу стрелците, а стана ѕвезда на интернет поради еден обид за дриблинг.

Роналдо во еден момент премногу се заигра и целосно го загуби чувството каде е топката, а противниците му ја одземаа.

Португалецот промаши и колосална шанса за израмнување во 80. минута кога шутна од 6 метри пред гол, но репрезентативниот голман на ОАЕ, Халид Ејса, му одбрани.

Инаку, клубот од ОАЕ славеше со голот на Суфјан Рахими во 44. минута, а саудискиот тим ќе се обиде да ја надополни таа негатива на реваншот следната недела.