Руските власти денеска соопштија дека убиле шест осомничени борци на екстремистичката група Исламска држава во операција во Ингушетија, малата руска кавкаска република со мнозинско муслиманско население.

– По антитерористичката операција спроведена во Република Ингушетија, неутрализирани се шест борци кои беа блокирани од специјалните сили на ФСБ во една од зградите во градот Карабулак, соопшти рускиот национален антитерористички комитет.

Според изворот, шесте борци, од кои тројца биле на федералната листа на барани лица, биле „членови“ на екстремистичката група Исламска држава и биле „вклучени во голем број терористички злосторства, вклучително и напад на полициски контролен пункт и убиство на тројца полицајци во март 2023 година“.

Во соопштението се додава дека нема цивилни жртви во операцијата што почнала синоќа во Карабулак, кој се наоѓа на 45 километри североисточно од големиот регионален град Владикавказ.

Во Ингушетија живеат околу половина милион луѓе