После поразот од ВБА минатото коло, избраниците на Жозе Мурињо синоќа славеа против Бурнмаут со 0:2 во рамките на 35-то коло од англиската Премиер лига.

Се до отворањето на резултатот од страна на Смолинг во 28-ма минута од мечот немаше премногу возбудувања.

Првото полувреме заврши со водство на екипата на Жозе Мурињо од 0:1, а иако во продолжението од натпреварот и двете екипи имаа по неколку одлични шанси, сепак фудбалерите на Манчестер Јунајтед зголемија на 0:2.

Погба испрати одлична топка до Ромелу Лукаку во 70-та минута од натпреварот, а Белгиецот го матираше Беговиќ и ги постави конечните 0:2.