Во САД од денеска е забранет увоз на алуминиум, бакар и никел од руско потекло. Забраната е дел од дополнителните санкции преземени заедно со Велика Британија за да се намалат приходите на Москва, што ги користи за војната против Украина.

Забраната предвидува од Лондонската берза за метали (ЛМЕ) и Чикашката трговска берза (ЦМЕ) нема да можат да прифатат алуминиум, бакар и никел произведени во Русија.

Металите се главната извозен артикл по горивото, иако обемот е намален по руската инвазија врз Украина. Рускиот извоз на метали се намали од 25 милијарди долари во 2022 година на 15 милијарди долари во 2023 година „поради напорите на Г-7 и нејзините сојузници да го ограничат пазарот.