Синдикалниот одбор на Фени индустри упати отворено писмо до претставничката на Транспаренски Интернешнал – Скопје, Слаѓана Тасева.

Во писмото тие бараат од тасева да се откаже од како што велат застапување на интересите на Кунико Ресурсис и од ревизија на стечајната постапка бидејќи сега тие земаат редовно плата во комбинатот и дека „не им е потребна нејзината помош“.

„Запрашана зошто не води истрага за тоа како „Фени“ дојде до стечај, земајќи во предвид дека токму виновникот за стечај е токму Кунико Рисорсис, изјавува дека тоа не е нејзина работа. Сметаме дека не доликува на компанија со репутација како вашата да води јавни битки во интерес на компанијата во сопственост на лица со крајно сомнителен бекграунд – велат тие во писмото.синдикалците од „Фени“ и забележуваат на тасева и дека покрај другото се обидела да биде и правен застапник на фирма која е вклучена во постапката за стечај.