Граѓанското здружение „Сите заедно можеме“ започнува со реализација на нова хуманитарна акција за достава на помош до сите народни кујни во државата.

Преку оваа хуманитарна акција сакаме да им помогнеме на граѓаните кои се најранливи во време на оваа глобална пандемија, но, во исто време да им помогнеме, да им олесниме и на надлежните институции кои се грижат за овие наши сограѓани.

Нашата цел е со оваа хуманитарна акција да ги опфатиме сите 49 народни кујни во земјава кои опслужуваат околу 3.200 граѓани, на кои оброкот им е неопходен.

Веќе се запазени сите законски постапки, извршени се консултации со надлежното Министерство за труд и социјална политика кое даде прецизни упатства за начинот на доделување на оваа наша хуманитарна донација.

Помошта за храна, компир, зелка, кромид, сол, брашно, месен нарезок, паштета, макарони и слични производи ќе стигне до секоја народна кујна во земјава, во секое населено место, зависно од бројот на корисници кои ги опслужува.

Покривајќи ги и трошоците за транспорт сакаме да ја ослободиме државата од било какви трошоци, и затоа оваа наша донација нема да ја чини државата ниту денар.

Хуманоста и помагањето се наши водилки, тука сме да им помогнеме на граѓаните сега, кога помошта им е неопходна.

Само хумани, сплотени, сите заедно, можеме да си помогнеме. Тоа е човечки, тоа е одговорно, тоа е вредно, за сите нас, за целата наша држава.