По наместа студеното утро, во земјава денеска нè очекува сончево време со мала до умерена облачност. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен, претежно западен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 7 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 14 до 23 степени.

Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите во главниот град ќе се движат во интервал од 3 до 21 степен.

За утре УХМР прогнозира сончево време со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи попладне. За вториот ден од викендот, Управата најавува претежно сончево време.