Македонската координативна мрежа „Сите за унитарна Македонија – СУМ“ утре ќе организира перформанс околу фонтаната „Воин на коњ“, на кој е најавено учество на повеќе здруженија и граѓани. Планирано е перформансот да почне во 21 часот на плоштад Македонија околу фонтаната.

Замислен е како мултиперсонален, мултимедијален перформанс – „Наместо да рушиме споменици, да создаваме услови за младите“ на авторите Ристо Мијаковски и Александар Русјаков и ќе се одвива во континуитет.