Секоја моја визија ја реализирам затоа што визија без реализација е само халуцинација. Работев напорно да создадам силен стручен тим, да направам институција од брендот на овие простори на Балканот и да бидеме конкурентни со нашите партнери во поразвиените европски земји. Не секогаш само следењето на светските трендови во нашата област гарантира успех, нивното презентирање на пазарот како и прифаќање од клиентите е најважниот сегмент во оваа работа.

Поради квалитетот на производите, медицинските уникатни уреди кои ги поседуваме, стручниот медицински тим и долгодишното позитивно искуство, ние ја имаме довербата кај клиентите и нашите производи и услуги се секогаш успешно прифатени. Јас сум човек кој не се откажува при пораз од една битка, јас се борам се додека не победам.

И кога ќе победам јас сум постојано фокусирана и силна, затоа што силните умови инспирираат.

Благодарна и почестена сум со номинацијата и наградата.

Олгица Стојимировиќ
Сопственик и управител на Промоестетика – Anti Aging Center by Promoitalia / Promoitalia Macedonia, добитник на наградата “40 under 40”