Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) договори сите најголеми натпревари до крајот на тековната сезона да ги судат елитните судии од Лигата на шампионите, обајви „Спортске новости“. Странските судии ќе ги судат натпреварите на тимовите кои се борат за титулата: Риека, Хајдук и Динамо.

Ваквата одлука доаѓа по аферата со протекување снимки од ВАР собите, која крена „прашина“ во хрватската јавност. Бруно Мариќ веднаш си замина од позицијата шеф на Судската комисија. Одлуката на ХНС треба да ја смири тензијата која настана во хрватскиот шампионат, а претпоставката е дека ќе ја врати и вербата во регуларноста на првенството.