Како вршител на должноста директор, одговорно тврдам дека царинските служби открија недозволено пренесување на цигари од страна на превозникот што е ангажиран за оваа турнеја на Танец, а не од членовите на ансамблот.

Ние ниту можеме ниту сме имале можност да имаме увид во намерите на превозниците, со кои ќе ја преиспитаме соработката по овој инцидент што го нарушува и нашиот углед. Виното што го понесовме како подарок за нашите пријатели и нашите домаќини, воопшто не беше скриено туку уредно ставено во багажникот, ниту пак беше во голема количина и е целосно во рамките на она што го дозволуваат позитивните царински норми. Се работеше за спонзорство од наша, македонска винарија, од коe еден дел требаше да биде подарок за македонските друштва во градовите каде што Танец настапува, а другиот дел беше предвидено да се послужи за дегустација на еден пикник во организација на нашите хрватски домаќини, а со цел промоција на македонските вина и подобрување на културно-економските односи. Истото вино по царинската контрола беше вратено на Танец.

Би сакале јасно да нагласиме дека „Танец” во службениот багаж на ансамблот и неговите членови воопшто немаше цигари, а откриените цигари се во сопственост на ангажираните превозници.

 

Танец негираат дека нивните вработени биле поединечно претресувание.

-Беа излезени надвор од автобусот со личната и службената гардероба, со цел да се направи проверка на автобусот, а под сомнение дека кај превозникот ќе се најдат уште скриени цигари – велат од таму.