Украинската противвоздушна одбрана изутринава собори 18 од 22 беспилотни летала лансирани од Русија во јужниот регион Одеса, соопшти војската.

Нападот главно бил насочен кон станбени и индустриски области на црноморското пристаниште Одеса, соопшти армијата.

Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека нивните сили за воздушна одбрана уништиле три украински беспилотни летала над регионот Белгород, кој граничи со Украина. Киев не ги коментираше руските тврдења.

На друго место, дронови на украинската морнарица го погодија рускиот патролен брод Сергеј Котов во окупираниот Крим, предизвикувајќи значителна штета, изјави извор од Главната управа на украинското воено разузнавање (ХУР) за Радио Слободна Европа (РСЕ).

На социјалните мрежи претходно беше објавено дека нападот на бродот се случил во пристаништето Феодосија во текот на ноќта.