Умерено до значително облачно. Од пладневните часови со повремен дожд пообилен во западните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а попладне долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -3 до 3°C, а максималната од 10 до 16°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-4 Попова Шапка, -1 Лазарополе, Маврови Анови, 0 Крушево, 2 Берово, 3 Прилеп, Куманово, Крива Паланка, Виница, 4 Тетово, Битола, Скопје – Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Дебар, Велес, 5 Демир Капија, Претор, 6 Струмица, Охрид, Дојран, 7 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)

22 Маврови Анови, 16 Лазарополе, 13 Дебар, 12 Тетово, Пожаране, Скопје – Петровец, 10 Попова Шапка, Куманово, Скопје – Зајчев Рид, 6 Кавадарци, 5 Велес, Претор, 4 Демир Капија, Крива Паланка, 3 Штип, Берово, 2 Прилеп, Крушево, Тополчани.