ОВЕН

Ова може да биде ваш ден за флерт, за друштво, за нови познанства. Лесно ги шармирате луѓето со кои доаѓате во контакт, па време е да одите на некои друштвени активности со вашите пријатели. Денеска лесно се вклопувате во сè, бидејќи ве носи бран позитивна енергија и задоволство.

БИК

Навистина нема да ви биде добро доколку денес не успеете да ги остварите вашите планови поради другите. Подготвени сте да им се посветите на луѓето што ги сакате, но можно е да не можат да не ви излезат во пресрет и да го одложат видувањето во последен момент. Свртете се кон членовите на семејството.

БЛИЗНАЦИ

Вашите активности денес се најмногу поврзани со вашиот емотивен партнер. Секако, ќе најдете време и за вашите пријатели, бидејќи некои од нив навистина сакате да ги видите и да разговарате со нив. Би било добро кога би можеле да одговарате и на друштвото и на саканата личност.

РАК

Одличен момент е да направите план за наредната недела, но и да се свртите кон обврските околу куќата кои малку сте ги оставиле на страна. Сепак, не поминувајте цел ден дома, одговорете на покана од пријателите и испланирајте малку време и за нив.

ЛАВ

Мора да ги извршувате помалите обврски кои сте им ги ветиле на членовите на вашето семејство. Ќе се трудите да го завршите што поскоро и потоа ќе се свртите кон она што ви е важно, а тоа е друштвото со пријателите или саканата личност. Денот е исполнет со позитивна енергија, искористете ја и уживајте.

ДЕВИЦА

Транзитната Месечина денес е во вашето поле на домот и семејството, а најдобро ќе се чувствувате доколку се свртите кон семејството и слободното време го поминете со нив. Контактот со семејството, особено младите и децата, ви носи позитивно расположение и релаксација.

ВАГА

Денот е проникнат со позитивна енергија, одлично сте расположени и подготвени за движење и иницијатива. Денес можете да направите некои работи за кои инаку би се двоумеле или би се оптовариле со размислување. Вистинско време е да испратите порака до „оној“.

СКОРПИЈА

Не дозволувајте вашите обврски да ве натераат и на крајот да го поминете целиот ден работејќи. Ако треба да завршите нешто, дајте си време до пладне, а остатокот од времето посветете си на себе. Одличен момент е да поминете совршено попладне со пријателите или саканата личност.

СТРЕЛЕЦ

Транзитната Месечина е во вашиот знак, ви носи голема иницијатива и феноменално расположение. Ќе успеете да вклопите се во себе, да направите добар план на активности, па веројатно дел од денот ќе поминете со саканата личност, а ќе имате и време да се посветите на пријателите и вашето друштво.

ЈАРЕЦ

Можеби ќе ви треба повеќе труд, но ќе успеете да ги остварите вашите идеи. Сакате да запознаете луѓе кои долго време не сте ги виделе, па затоа ќе се обидете да се вклопите и можеби повторно да го распределите слободното време поради таа причина. Прекрасни моменти со пријателите и семејството.

ВОДОЛИЈА

Првенствено ќе се посветите на семејството, бракот или емотивниот партнер. Можно е во текот на денот да имате мала дружба во вашиот дом или заедно да прошетате. Одлични моменти доколку сакате да ја подобрите комуникацијата со некого.

РИБА

Обидете се да го поминете денот надвор од дома. Треба да бидете во движење, да бидете активни, да се движите и да имате енергија. Би било добро да најдете време за средба со саканата личност, бидејќи за некои проблеми би можеле отворено и искрено да разговарате.