Литературен час посветен на животот и делото Петре М. Андреевски ќе се одржи денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

На чествувањето ќе присуствуваат ученици од гимназијата „Јосип Броз – Тито“ од Скопје, а пригодно предавање за творештвото на Андреевски ќе има професорот Гоце Ристевски.