Во рамките на своите надлежности, ја разгледувам можноста Град Скопје целосно да ги ослободи од надоместок за урбана опрема, сопствениците на локалите кои вршат угостителска или друга дејност, а кои заради мерките на Владата за спречување на ширење на пандемијата од Ковид 19, мораа да ги затворат своите локали.

Во исто време, се разгледува и можноста за намалување на надоместокот за фирмарина.

По носењето на овие одлуки, истите веднаш ќе биде објавени.

Градот во рамките на своите скромни надлежности, ќе ја помогне локалната бизнис заедница, а без да бидат доведени во прашање виталните градски функции.