Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на својот ФБ профил напиша статус за Министерот за Здравство, Венко Филипче:
“За Венко:
Имам можност лично да го знам тој човек. И среќен сум. Некогаш мислам дека не секогаш бевме (сме) фер кон него.
Замислете се почитувани, да на својот грб ја носите судбина на цела нација. И сите да ве гледаат само вас. Мислите ли дека е лесно ? Мислите ли дека му е лесно ? При тоа да сте свесни (а свесен е) дека на крајот сите во него ќе бараат виновник ?
Ве молам, слушајте го што збори. И почитувајте го тоа што Ви кажува. За да не мора сите да патиме. За да му олесниме. Додека го сакаме.
И нема тука политика. Има животи. Мој, негови, Ваши. На нацијата.
Голема почит, друже мој. Издржи. Ќе издржиме. Заради нас. Заради Македонија !!!!
#СедетеДома”