Јованоски: Општина Прилеп ќе обезбеди финансиска помош за обновување на опожарените куќи

130

Благодарение на брзата и професионална интервенција на Територијалната противпожарна единица, спречена е поголема катастрофа во семејната куќа на нашите сограѓани Сашо Крстески и Зоран Трајаноски, во која попладнето изби силен пожар, објави предмалку градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Она што е најважано, е дека во огнената стихија нема повредени и жртви.

Разговарајќи со сопствениците на куќата, ги уверив дека Општина Прилеп во рамки на своите надлежности ќе обезбеди финансиска помош за надоместување на дел од материјалните трошоци за обновување на нивниот дом.

Честитки до вработените на ТППЕ Прилеп, кои уште еднаш покажаа висока професионалност и одговорност во извршувањето на нивната ризична професија.