Тимот на Њу Орлеанс Пеликанс на гости успеа да го победи тимот на Портланд Блејзерс со резултат 111:102 и поведоа со 2:0 во натпревари.

Џру Холидеј беше главниот виновник во тимот на Њу Орлеанс со реализирани 33 поени, а имаше и поддршка и од Ентони Дејвис со 22 поени и од Ражон Рондо кој имаше учинок од 16 поени, 10 скокови и 9 асистенции.

Најдобри поединци во поразениот тим беа СиЏеј Меккалум, со постигнати 22 поени и Демијан Лилард со постигнати 17 поени но со многу лоша реализација за шут од поле со 39% успешност. Сега серијата се сели во Њу Орлеанс што значи дека тимот ќе има предност на домашен терен и се пред пласман во втората рунда од плеј-офот.