Претседателот на Собранието Талат Џафери повтори дека извештајот од Европската Комисија е позитивен, а додаде дека во него нема забелешки. Според него, ваквов извештај ретко која држава има добиено.

“Ова е добар почеток за враќање во европската агенда. Следува враќање на носењето реформски пакети. Очекуваме датум за престапните прговори за членство во ЕУ” рече Џефири, кој додаде дека е по природа оптимист, а за влезот во ЕУ порача дека треба да се спроведат сите препораки.

Џафери нагласи дека Собранието во следниот период ќе продолжи со политички дијалог, а на планот за работа го имаат Жан Моне процесот.