Нема да навлегуваме во дополнително објаснување на тоа што се случувало на забавата, ниту што се случувало и каде се упатил Мицкоски после забавата иако добивме одредени сознанија, но нашиот професионален кодекс е да не навлегуваме во детали од приватниот живот на главниот опозиционер.

Но, сепак ќе објавиме дополнителни фотографии според кои сами ќе одлучите дали Мицкоски бил на забавата која се организирала во периодот на забрана за групно собирање на граѓани поради прогласената вирусна пандемија или сепак не бил на истата забава.

Во прилог е фотографија од Мицкоски од пред четири години

Сепак, рамките од наочарите ја покажуваат вистината, во минатото биле црни, а во сегашноста се сребрени.

Го молиме во иднина да не демантира бидејќи ќе бидеме принудени да објавиме и дополнителни фотографии на кои јасно се гледа неговото присуство.

Многу е непринципиелно да се демантира очигледната вистина уште во опозиција, можеме само да си замислиме што би се случило доколку овој човек практикува власт.

Ништо особено изненадувачки, озборувањата на неговите сопартијци дека лагите се негов заштитен знак не би биле повеќе само озборувања.

Интересно е да се напомене дека во моментов постои вистински натпревар  во докажување за тоа на кого Мицкоски прв му понудил место Министер, на кој Директор, а на кој само вработување бидејќи на листите на кого му е се ветено место за само една позиција се натпреварувале по 30, со зборови (триесет партиски членови).