Раководството на АЕК од Атина се огласи со соопштение по немилите сцени на дербито со ПАОК кога во теренот влезе сопственикот на клубот од Солун со пиштол на појасот и тргна кон судијата да бара правда за поништениот гол во последната минута.

– Се случи невидено нешто во грчкиот фудбал. Помисливме што ако тој полуди и го извади пиштолот. Бевме исплашени за нашите играчи, за нивните животи. Овој преседан не смее да помине како многу други претходни инциденти. Еднаш за секогаш треба да завршат вакви работи кои немаат допирна точка со спортот и фудбалот, веалт од ФК АЕК.

Атињаните додаваат дека се загрижени поради тоа што во Солун често се случуваат инциденти кога гостуваат клубовите од главниот град,

– Нешто мора да се промени. Вакви случаи има секогаш кога во Солун гостуваат, Олимпијакос, Панатинаикос и АЕК. Тажна слика, оваа земја не го заслужува ова.

Се очекува Грчкиот фудбалски сојуз да изрече санкции за инцидентот на вчерашното дерби меѓу прво и второ пласираните екипи во Супер лигата на Грција.